Грејс ВандерВал не можеше да ги задржи солзите откако беше прогласена за победничка во познатото шоу за таленти „America’s Got Talent“.
12-годишното девојче го зароби вниманието на жирито и публиката со специфичниот глас, позитивноста, свирењето на укулеле, како и со своите авторски песни за време на аудициите и во финалето. Грејс самоуверено настапуваше на сцената покажувајќи дека и во малите деца се кријат големи таленти и неретко беше споредувана со Тејлор Свифт.
Во финалето таа настапи со оригинална песна и доби гласни аплаузи. Погледнете го нејзиниот настап:
Видео
Грејс беше прогласена за победничка на 11. сезона од шоуто и во нејзини раце пристигна чек во вредност од 1 МИЛИОН долари.
„Ти пееше песна дека секоја личност е сјајна ѕвезда, а ти си ѕвезда. Ти си на твојот пат, толку си посебна“ – ѝ рече Хови Мендел, кој прв поверува во нејзиниот талент, притискајќи го златното копче за време на аудициите.
Видео од прогласувањето на победникот
ВандерВал започнала да смислува песни и да настапува со нив пред семејството кога имала само 3 години. На 4 години, талентираното девојче го посетило својот прв час по пијано, а со парите собрани за 11-тиот роденден, Грејс си купила укулеле и оттогаш тоа ѝ е омилениот инструмент со кој настапува.