11-годишниот виолинист Тајлер ги освои жирито и публиката на „America’s Got Talent“.
Најпрво, младото момче со својата животна приказна допре до срцата на многумина, а потоа, ги одушеви со својот талент. Имено, Тајлер на 4-годишна возраст се борел со леукемија и во школо бил исмејуван од соучениците поради опаѓањето на косата, кое било последица на хемотерапијата.
„Не сакав да бидам момчето со рак. Затоа сега, јас сум момчето кое свири виолина“ – вели тој.
Тајлер е во ремисија речиси 4 години и вели дека свирењето виолина му помага да заборави на сите лоши нешта кои му се случуваат во животот.
На сцената, Тајлер го отсвири хитот на Кели Кларксон – „Stronger (What Doesn’t Kill You)“, што би значело „Тоа што нема да те убие, те прави посилен“.
„Повеќето луѓе се исмејувани поради тоа што се подобри од луѓето кои ги исмејуваат“ – му рече Сајмон Кауел пред да го притисне златното копче и да го испрати Тајлер директно во финалната фаза од натпреварувањата.
ВИДЕО
