„Овие празници, ајде да подариме нешто што ни носи радост на сите нас: Подобра иднина“ – ова е пораката на овогодишната божиќна реклама на Групацијата Ерсте.
Четврта година по ред, банкарската групација со седиште во Виена допира до срцата на луѓето со емотивно видео пред претстојните празници. „Believe In Tomorrow“ е краток анимиран филм кој се фокусира на создавање на подобра иднина за нашиот свет, а со тоа и за идните генерации.
„Оваа година нашата порака е: да веруваме во себеси и во иднината. Исто како Џејкоб во рекламата, кој се соочува со избори секој ден додека бара начини да го подготви светот најдобро што може за неговата неродена ќерка и едвај чека да ја запознае.“
„Иднината ќе биде предизвик за сите нас. Ќе мораме да ги обмислиме нашите постапки, да бараме алтернативи, да се предизвикуваме себеси и да созреваме преку нашите искуства. Ајде да веруваме во подобро утре“ – стои во пораката на Ерсте.