В петок официјално ќе започне со работа проширениот и реновираниот простор на маркетот Веро во Тафталиџе. На вкупен простор од 2700 метри квадратни, отсега купувачите на едно од своите омилени места за пазарење ќе можат да уживаат во новиот подновен и проширен Веро маркет. Тој сега е подобро организиран, пофункционален, попрегледен и поголем за дополнителни 700 метри.
Новиот простор има за цел купувањето да го направи уште попријатно и полесно за потрошувачите, како и да ги задоволи највисоките светски стандарди.
Просторот за овошје и зеленчук е проширен, месарницата исто така, што особено е на задоволство на сите оние кои специјално во Веро доаѓаат за да купат квалитетно свежо месо, имајќи ги во предвид неговите нутриционистички вредности. Покрај новата месарница, просторот вклучува и нова рибарница, како и францускиот бренд за бели печива Пастел.
Со својот софистициран изглед, реновираното Веро во Тавталиџе ќе биде уште попривлечно и позабавно за целото семејство.
Комерцијален текст