Почетна » Новости » Занимливости » Бремена во 8-ми месец принудена да абортира заради законот во Кина

Бремена во 8-ми месец принудена да абортира заради законот во Кина

Xiao AiyingXiao Aiying во болница со модринки по раката

Жена во осмиот месец од бременоста била прво тепана, а потоа извлечена од нејзиниот дом за да ѝ биде направен абортус, затоа што го прекршила кинескиот закон за едно дете во семејство.

Нечовечната постапка ја спровеле 12 претставници на власта. Тие влегле во домот на 36-годишната Xiao Aiying и ја удирале и клоцале по стомакот. Потоа ја однеле во болница, каде ѝ била дадена инјекција со која било убиено нејзиното неродено дете.

Нејзиниот сопруг вчера го опишал моментот кога претставниците на власта влегле во нивниот дом:

„Тие ѝ ги држеа рацете зад грб, ја турнаа со главата во ѕидот и ја удрија по стомакот. Не знам дали се обидуваа да направат да пометне.“

„Нашата 10-годишна ќерка беше многу возбудена за тоа што ќе има братче или сестричка, но сега не знам како ќе ѝ објаснам што се случи.“

Немилиот настан се случил на 10-ти овој месец. Доказ за физичкото насилство е фотографијата на која е прикажана бремената Xiao Aiying со огромни модрици на раката. Фотографијата е направена во болницата, откако ѝ била ставена инјекцијата која го убила нејзиното дете.

„Го имав ова бебе, го чувствував како мрда во стомакот. Можете да си замислите како се чувствувам сега“ – изјавила таа.

Сигурно ова е само едно од многуте семејства кои во Кина страдаат од строгите закони. Проценето е дека Законот за едно дете во семејство води до 13 милиони абортуси годишно, а многу од нив се случуваат по наредба на властите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.