Почетна » Новости » Занимливости » Братска љубов: 6-годишно момче си го ризикуваше животот за да ја спаси сестричката од брутален напад на куче

Братска љубов: 6-годишно момче си го ризикуваше животот за да ја спаси сестричката од брутален напад на куче

Бриџер Вокер заслужува медал за храброст. 6-годишното момче си го ризикуваше животот за да ја спаси сестра си од напад на куче.

Смелото детенце од Вајоминг, САД, заврши со ужасна повреда на лицето откако бесното куче го касна неколкупати. Но, успеа да ја заштити помалата сестричка.

„Ако некој треба да умре, сметав дека тоа треба да сум јас“ – вели Бриџер, кој сега има 90 конци на раните на лицето и главата.

Бриџер Вокер со сестричката Бриџер Вокер со сестричката

Фотографиите од Бриџер и неговата сестричка заедно со случката ги сподели нивната тетка и приказната допре до илјадници срца.

„На 9 јули, мојот 6-годишен внук Бриџер го спаси животот на својата помала сестра, застанувајќи помеѓу неа и бесно куче. Откако беше искасан неколкупати на лицето и главата, тој ја фати сестричката за рака и истрча со неа за да заштити. Toj доби околу 90 конци од квалификуван пластичен хирург и сега конечно се одмара дома. Ние го обожаваме ова храбро момче и сакаме сите други суперхерои да слушнат за овој херој кој се приклучи во првите редови“ – стои во описот.

Бриџер Вокер со сестричката Бриџер Вокер со сестричката

Огромна поддршка и пофални зборови долетаа од разни места низ светот.

Бриџер Вокер со сестричката Бриџер Вокер со сестричката Бриџер Вокер со сестричката

Крис Еванс, кој го глуми Капетан Америка, му испрати видео со порака на хработо момче и вети дека ќе му подари штит како на популарниот суперхерој.

Ен Хетавеј ја објави приказната и напиша: „Не сум Авенџер, но можам да препознаам суперхерој кога ќе го видам. Можам само да се надевам дека сум половично храбра во животот, од тоа што си ти. Бриџер, ти посакувам лесно закрепнување“.

Бриџер Вокер со сестричката Бриџер Вокер со сестричката Бриџер Вокер со сестричката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.