Постојат неповторливи мигови кога навираат возвишени емоции, трепкаат искри во очи и невидлива, продорна магија го разнежува срцето. Мигови кога на дланките легнува специјален подарок, даден од срце, преку кој долетува афирмација за почит и благодарност.
Со низа од такви специјални мигови „Божиновски часовници и накит“ ги разубави празничните денови. Фузирајќи ги препознатливата естетика, посветеноста на детали и беспрекорната грижа, семејството „Божиновски“ создаде подароци кои инстантно мамат радост и таат волшебна состојка – љубов.
Зад црвени панделки, во мали кутии, со внимание беа спакувани домашни празнични колачи и чај со неодолива арома. Игор Божиновски, основачот на компанијата, учествуваше во приготвувањето на ѓумбир колачињата и го селектираше чајот, а потоа лично им ги врачи подароците на клиентите и вработените.
Успешниот бизнисмен наjискрено им се заблагодари за непрекинатата лојалност, која задржа континуитет и во необичната 2020 година исполнета со неизвесност и предизвици.
Визуелно примамливите подароци беа крунисани со порака која е доказ колку добро е обмислен новогодишниот гест и која го открива неговото длабоко значење:
Постојат нешта кои навидум тежат многу малку, а во суштина ни ја откриваат смислата на животот. И додека науката докажува дека човечката душа тежи само 21 грам, колку што тежи и чајот во ова тегличка, останува само едно отворено прашање... Колку грама сила и храброст ни е потребно за премостување на само еден животен крстопат...
Во оваа година на неизвесност јас, како и сите ние, се најдов на еден таков крстопат. Мојата фамилија, моето второ семејство - вработените во „Божиновски“ и твојата лојалност и доверба ми ги дадоа тие неколку грама сила и храброст.
И затоа... симболично ја подарив мојата душа во шишенце со 21 гр. чај, а на тоа додадов 210 гр. домашни колачи. Заедно да создадеме магија со која ќе зачекориме во Новата 2021ва.
Среќни празници!
Божиновски
Посебната порака беше финиширана со QR код, кој води до видео во кое најпознатиот македонски љубител на квалитетни часовници и накит со фамилијата, во идилична празнична атмосфера, ги прави колачите и ги комплетира подароците. Погледнете го видеото.
Задоволството од добиените подароци и посветеното внимание се излеа и на социјалните мрежи, па повеќемина во Instagram Stories реагираа на убавото изненадување.
Искажувањето на благодарност е клуч до среќни моменти кој сите го имаме во рацете, зарем не?