Катерина Јовановска ќе ве инспирира веднаш да се упатите кон вашата кујна.
Битолчанката со вешти раце создава торти и десерти кои се едноставни и брзи за подготовка и рецептите ги споделува на својот YouTube канал.
„Kate’s Cooking Diaries” е катче кое таа го создала во јуни 2022 година и до денес има над 70 илјади следбеници.


Креативната ентузијастка за готвење вели дека најмногу ужива кога приготвува чизкејк, а инспирација и идеја за рецептите добива од тортите кои нејзините мајка и свекрва ги приготвувале во минатото.
„Десертите пред сè гледам да се брзи и лесни за подготовка, бидејќи тие пројавуваат најголем интерес и гледаност. Состојките кои ги користам се едноставни и лесно достапни за секој да може да ги приготви, а во самото видео е објаснета целата постапка чекор по чекор“– вели Кате.


Слатките задоволства Кате редовно ги споделува со своите најблиски.
„Најголеми дегустатори и критичари ми се семејството, пред сè сопругот и брат ми, а потоа и пријателите кои веднаш се тука штом пријавам нов рецепт“– изјави таа.







Погледнете дел од рецептите на Кате и претплатете се на нејзиниот YouTube канал Kate’s Cooking Diaries: