Старите лица се полни со мудрости кои ги стекнале во текот на нивното живеење.
По повод Денот на вљубените, кој се славеше вчера, од старечкиот дом „Oak Park Place“ ги замолија своите станари да напишат по еден совет кој сакаат да ѝ го пренесат на помладата генерација.
Еве ги нивните натписи:
Боб
„Бидете верни. Таа треба да ви биде една и единствена“
Ален
„Никогаш не си легнувајте лути“
Рита
„Два збора: ‘Да, душо!’“
Ванда
„Однесувајте се кон секого онака како што сакате да се однесуваат кон вас“
Елен
„Секогаш насмевнувајте им се на оние кои ги сакате“
Фил
„На некој начин треба да имате заеднички јазик. Имајте добра комуникација“
Дон
„Дојдете си дома и продолжете да ги сакате“