Клаудија и Каан ќе ви ја разгорат желбата за патување.
Незапирливиот пар од Канада посетува егзотични места низ светот и ги документира своите авантури со романтични фотографии од кои запира здивот.
„Нашата мисија е да споделуваме реални и издржани содржини кои се надеваме дека ќе ве инспирираат да создавате убави моменти во вашите животи“ – пишуваат тие на нивниот блог„The Lost Two“.
На Instagram нив ги следат речиси 200.000 лица.