Почнувајќи од мај, скопскиот аеродром „Александар Велики“ управуван од ТАВ Аеродроми, ќе биде директно поврзан со престолнината на Шведска.
Новата рута ќе одпочне на 3 мај, неколку дена порано од првичниот план. Најниската цена на авионската карта е 1.690 ден. и можностите за резервација на летот се веќе отворени. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и петок.
Даниел де Карвалхо, корпоративниот директор за комуникации на Wizz Air, изјави:
„Воодушевени сме што нашите ниско-буџетни карти се сè повеќе популарни за македонските патници и странските посетители. Нашата нова дестинација до Стокхолм Скавста е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи.“