Компанијата Nestlé се обврза дека ќе ја поддржи новата иницијатива на Обединетите Нации (ОН) со која се поттикнува образованието на децата и младите ширум светот, наречена „Образование на прво место“.
Во склоп на глобалната програма „Здрави деца“, Nestlé се обврза на соработка со партнерите од различните земји, со што досега преку шест милиони деца во 60 земји низ светот стекнаа знаење за основните постапки за правилна исхрана и физичка активност. Целта на компанијата е до 2016 година да ја прошири оваа програма во 70 земји.
Во Брегот на Слоновата Коска, Nestlé соработува со Светската федерација за какао (СФК), каде се фокусирани на обучување на наставници, описменување на возрасните и подигнување на свеста за проблемот на детската експлоатација. Nestlé и СФК, исто така, имаат за цел да се изградат и обноват околу 40 локални училишта, со што ќе се подобри квалитетот на образованието на повеќе од 10.000 деца.
Прифатените обврски Nestlé ги следи и во својата посветеност на минатогодишната иницијатива на ОН „Секоја жена, секое дете“ која ги поттикнува владата, компаниите и организациите да се вклучат и да придонесат за подобрување на здравјето на жените и децата.