Почетна » Новости » Занимливости » Femina.mk е прогласен за „Сајт на годината“

Femina.mk е прогласен за „Сајт на годината“

Денес во Скопје се одржа манифестацијата „Сајт на годината 2011“. Со огромна радост и задоволство ве известуваме дека Femina.mk ја освои главната награда и беше прогласен за најдобар сајт за 2011 година.

Гласовите на публиката заедно со жири комисијата одлучија најпосетуваниот женски сајт во Македонија да ја добие и посакуваната титула Сајт на годината.

Femina.mk е Сајт на годината 2011Femina.mk е Сајт на годината 2011

Femina.mk влезе во финалниот избор во категоријата „Најдобар сајт на годината“ заедно со on.net.mk, tocka.com.mk, kurir.mk и crnobelo.com. Гласовите на жирито беа доделени според критериумите дизајн, посетеност, функционалност/употребливост, содржина (активни текстови, автентичност, преземена содржина, лекторски коректна), активност во социјалните мрежи и иновативност/креативност.

Kajgana.com беше прогласен за Најиновативен сајт, а форумот кој функционира во рамките на овој сајт ја освои наградата во категоријата Најдобар форум. Time.mk ја доби титулата Најдобар информативен сајт. За Најдобар бизнис/корпоративен сајт беше прогласен сајтот T-mobile.mk.

Motika.com.mk беше прогласен за Најпопуларен сајт, категорија во којашто беа земени во предвид само гласовите на публиката, а Crnobelo.com го освои признанието за Најзабавен сајт.

Kupikartizase.com ја присвои наградата за Најдобар сајт за е-трговија, а за Најдобар блог беше прогласен Marketing365.blog.mk.

Манифестацијата организирана од Media Solutions и keep an eye, а која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија и Словачката амбасада во Македонија, се одржа втора година по ред.

Femina.mk за само две години постоење успеа да се искачи меѓу најпосетуваните сајтови во македонското интернет пространство. Статистиката вели дека нашите читателки секојдневно остваруваат над 70.000 посети. Месечно Фемина има над 2.100.000 посети, а сајтот го читаат речиси половина милион различни лица од целата држава. Квалитетните содржини ги предизвикуваат посетителите да прелистуваат повеќе од 12 милиони страници.

Од името на целата редакција на Femina.mk, од сè срце ви се заблагодаруваме вам, нашите верни читателки, за тоа што секојдневно ги следите нашите содржини, кои со огромна посветеност и внимание ги избираме за да го задоволиме вашето љубопитство.

Се надеваме дека во изминатава година сме успеале повеќе од еднаш да измамиме насмевка на вашите лица и да ја изгаснеме вашата жед за нови, корисни и интересни информации. Признанието што го добивме денес дополнително ќе ни ја зголеми мотивацијата да останеме вашиот омилен извор на дневна доза позитивна женска енергија.

Ви благодариме!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19764 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.