„Кожата е огледало на душата“ – вели една позната поговорка. Нашето лице е највпечатливиот дел од телото, па затоа сакаме кожата на лицето постојано да биде убава и со природен сјај. Меѓутоа, во зрелата доба, кожата на лицето станува сува и подложна на настанување на брчки. Eucerin® Hyal-Urea линијата предлага производи специјално наменети за нега на сува кожа на лицето и израмнување на непријатните линии и брчки. Со помош на природните состојки за кожата уреа и хијалуронска киселина, кои се содржат во оваа линија, кожата станува прекрасна и блескава во секоја доба од животот.
Медицинските стручњаци на Eucerin дизајнираа иновативна формула Hyal-Urea која дејствува на сите слоеви на кожата: моментално ги израмнува површинските линии и брчки, истовремено поттикнувајќи го природното производство на хијалуронска киселина. Идеалната комбинација на уреа и хијалуронска киселина делува двострано – малите молекули на уреата ги затвараат пукнатините на кожата истовремено зголемувајќи го количеството на влага и трајно ја навлажнуваат кожата, а хијалуронската киселина ги пополнува внатрешните слоеви на кожата, поради што брчките се намалуваат. Колекцијата е составена од дневна крема, ноќна крема и крем за нега околу очите.
Eucerin® Hyal-Urea дневен крем против брчки (50ml)
Наменет е за секојдневна нега на сува и многу сува кожа на лицето, склона кон создавање на брчки и која често е и многу осетлива. Оваа делотворна формула ѝ пружи идеална нега на сувата кожа и ја прави мека и нежна. Докажано ги намалува дури и појавените брчки и штити од стареењето на кожата предизвикано од УВА зраците. Со неутрален мирис и боја, овој крем е одличен и како подлога пред нанесување на шминка. Дерматолошки е испитан и е погоден за употреба и кај неуродермитис и псоријаза.
Eucerin® Hyal-Urea ноќен крем против брчки (50ml)
Специјално е дизајниран за секојдневна ноќна нега на сува кожа. Во текот на ноќта, ја навлажнува и обновува сувата кожа и докажано ги намалува дури и длабоките брчки. Делотворноста и компатибилноста на кремот со кожата ја потврдуваат и клиничките испитувања, а погоден е за употреба и кај неуродермитис и псоријаза. Кремот брзо се впива во кожата и остава пријатно и свежо чувство во текот на целиот ден.
Eucerin® Hyal-Urea крем против брчки околу очите (15ml)
Посебно е наменет за нега на многу чувствителната кожа околу очите, која е особено подложна на настанување на линии и брчки. Овој иновативен крем ја негува сувата кожа, докажано ги намалува дури и длабоките брчки околу очите и штити од стареењето на кожата предизвикано од УВА зраците. Офталмолошки е испитан и е погоден за употреба и во текот на терапија.
Препуштете им ја грижата на експертите и уживајте во вашата младешка убавина со Eucerin® Hyal-Urea линијата!
Комерцијален текст