Дали сте вкусиле совршено BlackBerry (капина) колаче?
Потребни состојки за одличен и лесен рецепт:
- 2,5 филџани брашно за текстура
- 1 прашок за печиво за хемија
- половина лажичка цимет за мирис
- 2 јајца
- 1 филџан јогурт
- 1 филџан шеќер за да биде слатко
- 8 лажици стопен путер
- 1 ванила
- 1,5 филџани капини за да биде свежо
Целата смеса се меша со жица за матење, а на крај се додаваат капините. Се пече во загреана рерна на 200 степени 17-20 минути, во претходно намастени калапи за мафини. Рецептот е доволен за 15-ина мафини. Се служат малку изладени – може за појадок, за ужина, како лесен десерт, може да ги понесете на пикник или да ги поканите пријателите дома. Уживајте!
Дали сте го пробале совршениот BlackBerry® Z10?
Потребни состојки за елегантен и поинаков смарт-телефон:
- Оперативен систем BlackBerry® 10
- Peek и Flow во BlackBerry® Hub за да овозможи користење на повеќе апликации
- Нов BBM™ за чет или видеоповик, за да може да го споделите она што е на Вашиот екран, како слики или да креирате група со соговорниците
- BlackBerry® Balance™ за заштита на сите Ваши службени податоци и апликации од приватните податоци и профили
- Камера за прилагодување на елементи на слика, како отворени очи или насмевка, за да создаде совршена слика
- И сè друго според Вашиот вкус и потреба
Сите состојки заедно се дизајнирани во досега најбрзиот и најнапреден смарт-телефон од BlackBerry. И, ако не можете да го направите сами, достапен е за Вас во продажните места на Vip. Се користи дома и на работа, како телефон или како компјутер, за сите деловни контакти и апликации, но и за забава со семејството и пријателите. Сè на едно место. Уживајте!
Комерцијален текст