Никој никогаш не успеал да го заврши надградувањето и усовршувањето на својот дом. Секогаш имаме по некоја нова идеја за тоа како може нашиот дом и градина да бидат подобри. Понекогаш ни требаат само неколку ситни промени за да го направиме тоа и да уживаме во просторот во кој живееме.
Онлајн продавниците нудат ризница опции за опремување и украсување на домот, па ако размислувате на оваа тема, еве шест идеи за уредување, кои ќе ви помогнат да го создадете домот од вашите соништа.
Направете мала боемска оаза во вашата градина
Понекогаш обврските нè тераат да го запоставиме дворот, а токму овој простор може да донесе најмногу мир во стресните денови.
Преобразете ја вашата градина во спокојно боемско катче. Овој простор можете веднаш да го претворите во удобно ќоше со поставување пријатна лежалка закачена на две гранки, а во онлајн продавниците можете да најдете голема понуда на платнени и плетени лежалки.
Додајте шарени перници на подот за опуштено седење и пиење чај, вино или салеп со пријателите. Доколку навистина сакате да уживате во опуштен простор со хедонистичка нота, додајте мали светилки и свеќи.
Онлајн продавниците нудат голема понуда на мебел за градина инспириран од бохо стилот, па ќе најдете столчиња во живописни бои и маси со мозаик, кои веднаш ќе внесат уникатност и топлина во градината.
Шик романтика на вашиот балкон
Имате мал балкон? Тоа не значи дека треба да го запоставите овој простор. Со неколку мали промени лесно ќе направите пријатно и интимно катче, кое е совршено за уживање со саканата личност.
Пронајдете стилски и компактен мебел за тераса, кој ќе биде функционален, естетски и со кој лесно ќе направите романтична атмосфера. Онлајн можете да најдете и да нарачате пар меки фотелји или клупа со шарени перничиња.
Свеќите и фенерите создаваат топла, интимна атмосфера во ноќите. Додајте амбиентално осветлување, а LED свеќите без пламен се безбеден избор за на тераса. Дополнително, вклучете зеленило и цвеќиња, кои веднаш ќе ја подигнат вибрацијата на балконот.
Изберете мирисливи цвеќиња како рози, јасмин или лаванда за романтична арома. Висечките жардиниери или вертикални градини можат да заштедат простор, но и да создадат удобна атмосфера во која ќе се чувствувате како во природа.
Меката мелодија во позадина секогаш придонесува да се направи амбиент како во рестораните, па истото можете да го направите на вашиот балкон со мал пренослив звучник и романтична плејлиста за смирувачка атмосфера.
Луксузен и интимен простор за релаксација во бањата
Доколку сакате да создадете пријатен амбиент во бањата, почнете со внесување меко осветлување преку популарните LED свеќи. Тие се задолжителни за романтична атмосфера, но многу посигурни и едноставни од класичните свеќи, па наредете ги на повеќе места во бањата и уживајте во нивната придушена светлина.
Побарајте висококвалитетни, меки крпи и наметки во романтични бои како виолетова, лаванда или бордо и закачете ги на украсен држач за пешкири.
Ова ќе долови автентична и пријатна атмосфера, а ако додадете ваза со цвеќе покрај огледалото тогаш навистина ќе уживате во новиот и разубавен простор во бањата.
Диско подиум во дневната соба
Внесете малку диско атмосфера во вашиот дом и поканете ги вашите пријатели на забава со дрес код. Понекогаш најинтересните приказни се случуваат на домашни забави, па турнете ги фотелјите и столовите до ѕидовите за да направите простор за танцување.
За осветлување искористете диско топки и LED светилки што ја менуваат бојата за да создадете диско амбиент. Секако, задолжителен е и пренослив звучник, како и плејлиста со вашите омилени песни и хитови за танцување.
Украсете ја вашата дневна соба со украси за забава, како што се балони и конфети. Исто така, можете да го персонализирате просторот со тематски или сопствени украси што одговараат на пригодата. Размислете за тематска диско забава, во стилот на 80-тите или класичен маскенбал. За сето ова може да изберете соодветни украси, костими и музика.
Охрабрете ги вашите гости да се облечат во забавни и празнични костими. Обезбедете избор на реквизити како капи, перики и пердуви за да ги охрабрите вашите гости да се забавуваат и за да ја подобрите атмосферата на забавата.
Модерна кујна за убав почеток на денот
Направете топла и модерна атмосфера во кујната и секое утро со уживање ќе го пиете кафето. За вкусно кафе потребен ви е апарат за кафе. Една ваква машина ќе создаде динамична утринска атмосфера во кујната. Секој ќе сака да стане порано и да испие вкуснa чаша еспресо, шолја капучино или нешто друго, што е прекрасен повод утрото да го поминете со најблиските.
За веднаш да ја разубавите атмосферата во кујната, земете шарени саксии и цвеќиња и поставете ги на различни локации во кујната, на полиците, врз фрижидерот и на масата. Просторот веднаш ќе стане поубав.
Доколку имате шанк-маса, размислете да додадете стилски и удобни барски столчиња. Изберете дизајн што одговара на естетиката на вашата кујна и на целиот ентериер. Додајте боја во кујната со тоа што ќе одберете крпи, чинии и шолји во шарени бои.
Вашата спална соба нека стане прибежиште што релаксира
Нашата спална соба е местото каде што сакаме да ги наполниме батериите и да си ја вратиме енергијата. Затоа е многу важно во овој простор да се чувствуваме удобно и пријатно.
За од вашата спална соба да создадете вистински простор што релаксира, одберете пријатна и мека палета на бои на ѕидовите и на мебелот во неа. Користете придушени бои како бледосина, нежна зелена, лаванда или земјени неутрални бои за ѕидовите и мебел во бои што ќе одговараат на целиот ентериер. Наредете свеќи и мирисни стапчиња и изберете мириси како лаванда и сандалово дрво.
Направете катче за медитација или јога. Поставете удобно перниче или јога мат и со фокусирано внимание мирно поминете ги јога сесиите и моментите во кои целосно ќе се опуштите.
Комерцијален текст