Марина Бадјанова никогаш не сонувала дека ќе стане позната на руската косплеј сцена, но благодарение на талентот, сега тоа е нејзина реалност.
58-годишната љубителка на маскирањето од Санкт Петербург создава импресивни костими со кои се трансформира во различни ликови.
Сè започнало од нејзината ќерка. Додека ѝ помагала да се преобразува за тематски фотосесии, кај неа се родила љубовта за маскирање. „Костимирањето девојчиња е како облекување кукли“ – рекла таа.
Иако нејзината ќерка пораснала и ја надраснала желбата за маскирање, љубовта на Марина продолжила да расте. Од чиста забава, таа трагала по идеи на интернет и експериментирала, создавајќи впечатливи дела. Погледнете дел од нив: