35-годишен маж 5 години живеел со куршум во главата, затоа што не знаел дека бил погоден.
Пред пет години околу полноќ на Нова Година 2004/2005г., тој бил погоден од куршум додека се забавувал и пиел.
Претставник на полицијата изјавил дека мажот се сеќава дека чувствувал болка во главата, но не побарал медицинска помош. За среќа куршумот не го пробил черепот, а бил откриен дури сега, откако мажот отишол во болница за да му испитаат „грутка“ на главата.
Во петокот куршумот бил изваден со операција и се очекува мажот којшто веќе неколку години живее во Германија да биде пуштен од болница во текот на оваа седмица.