Милан Станојковиќ е најмладиот волонтер кој се пријави на повикот на Министерството за здравје на Србија за да помогне во борбата против коронавирусот.
Условите не му дозволија на 23-годишното момче да ја прегрне својата мајка на нејзиниот 47-ми роденден, но тој пронајде начин како да го одбележи овој специјален ден.
Милан објави фотографија на Instagram на која држи испишана порака: „Мајка, Среќен ти роденден!!!’.
„Ако не може во живо, може виртуелно. Среќен роденден, мајка“ – стои во описот.
Милан им помага на докторите на интензивна нега во болницата Драјзерова во Белград.