Млада и надежна виолинистка го одушевува светот со своите настапи на улиците низ Калифорнија.
Каролина Проценко изведува хитови како „Despacito“, „Shallow“, „Thinking Out Loud“, „Million Dreams“ и „Just The Way You Are“, привлекувајќи го вниманието на случајните минувачи. 10-годишното девојче има и свои два YouTube канали, каде ја следат повеќе од половина милион фанови. На едниот канал, таа објавува видеа од своите улични настапи, а на другиот, професионални видеа.
„Јас сум Каролина Проценко. Свирам виолина од 6-годишна возраст. Имам желба да му донесам магија и инспирација на светот преку мојата љубов кон виолината. Ви благодарам што ми помагате да ја споделам мојата дарба за музика. Ве сакам“ – пишува таа.