Битката за Горазд Николоски – Гого, битолчанецот кој го трча најважниот животен маратон, продолжува. Следна станица е Клуб „Хавана“ – Скопје.
На 18 јануари со почеток во 21:00 часот стотици добродушни срца ќе чукаат заедно со ритамот на музиката на Суперхикс, Brass Brothers, Културно уметнички работници, Beta House, BAZA 903, Armadillo, The Black & Vice Social Club, Anomalia Nativa, DJ Чваре, DJ Славе и многу други специјални гости. Придружете му се и вие на морето од хуманитарци и помогнете му на Гого да триумфира над болеста!
Кликнете тука за да прочитате повеќе за хуманитарната вечер организирана за Гого.
Пред извесно време судбината си поигра со животот на Гого. Нему му бил дијагностициран остеосарком, малиген тумор на коската на десната нога, од доктори во Словенија. Иако првата операција на Гого била успешна, нему му претстои тешка битка за којашто ќе бидат потребни многу финансиски средства.
Како и на секој друг предизвик, така и на овој 22-годишниот битолчанец со победнички дух гледа со оптимизам и надеж. „И во моментот кога се соочува со најтешката здравствена криза тој е таков каков што беше секогаш, ведар, насмеан, оптимист. Верува дека и овој пат како и во многу други случаи ќе излезе како победник“ – пишуваат организаторите на хуманитарната вечер на Facebook.
Горазд е спортист, кој досега победувал во многу натпревари. „Уште како мало дете тој беше многу активен. Додека неговите другарчиња се интересираа за детските игри, малиот Горазд пројавуваше интерес за многу спортови“ – вели неговата пријателка Сања.
Возење ролери, скијање, качување по карпи, диџејство, параглајдеризам, велосипедизам... Гого го живеел животот до максимум и имал освоено голем број награди во повеќе спортови пред болеста да си поигра со неговите соништа. Сега сме ние на потег! Да му помогнеме на Гого да победи и во оваа своја битка.
Телефони за донации:
Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554
НЛБ Тутунска банка: 210-5016692926-43
Горазд Николоски
ул. Климент Охридски 3б
7000 Битола
Девизна сметка:
Acc No: 0230705560582
IBAN: MK07300307055605809
SWIFT: KOBSMK2XBTB
Горазд во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија.