Почетна » Новости » Животни стории » Храбро срце: Некогаш нарекувана „најгрдата жена на светот“, сега инспирира и восхитува

Храбро срце: Некогаш нарекувана „најгрдата жена на светот“, сега инспирира и восхитува

Лизи Веласкез била исмејувана, нарекувана со погрдни зборови и охрабрувана да се самоубие, но таа успеа сета негативност да ја претвори во моќна кампања против малтретирањето.

Инспиративната девојка го претстави документарниот филм „A Brave Heart“ за својата животна приказна и го восхити секој што ги слушна нејзините ставови за животот и секој што дозна за нејзината решителност да им помага на послабите.

Лизи Веласкез Лизи Веласкез

Трејлер за „A Brave Heart“

Лизи страда од редок синдром поради кој не може да ја зголеми својата телесна тежина и никогаш не тежела повеќе од 29 килограми. Во трејлерот за документарниот филм, таа раскажува за моментот кога на 17-годишна возраст пронашла видео на YouTube насловено „Најгрдата жена на светот“. Видеото било за неа, имало над 4 милиона прегледувања, а под него се нижеле негативни коментари како „Зошто нејзините родители не ја абортирале?“, „Убијте ја со оган!“, „Какво чудовиште!“ и „Само стави си пиштол на главата и застрелај се“.

„Кога бев тинејџерка, се гледав во огледало и посакував да го избришам синдромот. Го мразев, бидејќи ми предизвика многу болка во животот. Неподносливо е да си 13-годишно девојче кое постојано е задевано“ – изјавила таа во интервју за BBC.

Лизи Веласкез Лизи Веласкез

Наместо да тоне во солзи и да се самоизмачува, 26-годишната девојка решила да работи на својот карактер, да стане подобра личност и да ги охрабри оние кои не веруваат во подобро утре.

„Знам што значи да си исмејуван, знам што значи да си малтретиран онлајн и сакам да ги заштитам оние кои мислат дека нема да биде подобро. Јас избрав да бидам среќна и сфатив дека синдромот не е проблем, туку благослов кој ми овозможи да се подобрам себеси и да инспирирам други луѓе“ – рекла таа за британскиот медиум „Independent“.

Документарниот филм „A Brave Heart“ (Храбро срце), бил снимен со помош на парични средства донирани од над 3.000 лица од 16 држави.

Лизи ВеласкезЛизи на фестивалот SXSW каде го претстави „A Brave Heart“

За потсетување, погледнете видео од моќниот говор на Лизи на TED.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.