Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: 4-месечно бебе спасено од урнатините во Непал 22 часа по земјотресот

ФОТО: 4-месечно бебе спасено од урнатините во Непал 22 часа по земјотресот

Природните катастрофи често одземаат бројни човечки животи. Никој не остана рамнодушен на веста за илјадниците жртви кои ги зеде земјотресот во Непал.

Во една таква голема трагедија, имаше и мал светол момент. Имено, спасувачите успеаја да извлечат 4-месечно бебе од под урнатините откако бил слушнат неговиот немоќен плач. Неверојатниот момент бил овековечен со фотографии од малото момченце, кое цели 22 часа било закопано под рушевините на семејниот дом.

Бебе Бебе

Откако до воениот тим кој ја пребарувал областа Бактапур во Катманду стигнала веста дека е исчезнато неколкумесечно бебенце, војниците детално го пребарале секој метар околу неговиот дом, но немало ни трага ни глас од бебето. Според локалните медиуми, таткото речиси се помирил со тоа дека никогаш нема да биде пронајден неговиот син жив кога слушнал тивок плач. Војниците се вратиле и по успешната операција за спасување, бебето било префрлено на болница, каде било констатирано дека нема сериозни повреди.

Бебе Бебе Бебе

„Пресреќна сум. Не можам да поверувам“ – изјавила мајката на бебето.

Бебе Бебе

Официјалниот број на жртви од земјотресот, кој пред неколку дена го погоди Непал, се искачи над 5.000, но се смета дека цифрата е многу поголема.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.