Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: 15-годишна девојка не ја сокрива тагата за договорената свадба со 32-годишен маж

ФОТО: 15-годишна девојка не ја сокрива тагата за договорената свадба со 32-годишен маж

Секој ден десетици илјади неполнолетни девојки присилно стапуваат во брак, честопати со мажи кои се доволно возрасни да им бидат татковци или дедовци. Наместо свадбата да е среќен почеток на брачен живот, за нив тоа е тажен настан, кој неретко е проследен со семејно насилство, рана бременост и силување.

Алисон Џојс ја фотографираше договорената свадба на тинејџерка која беше присилена да стапи во брак со маж кој е двојно повозрасен од неа.

Наместо да ужива во својата младост и да го продолжи своето образование, 15-годишната Насоин Ахтер беше присилена да го прифати бракот со 32-годишниот Мухамед Хасамур Рахман. На фотографиите направени во Бангладеш се гледа како несреќната и на моменти исплашена девојка се подготвува за свадбената церемонија.

Насоин АхтерСемејството ја бања Насоин на денот на нејзината свадба. Насоин Ахтер Насоин Ахтер Насоин АхтерНасоин „позира“ за свадбените фотографии без насмевка на лицето. Насоин Ахтер Насоин Ахтер Насоин Ахтер32-годишниот младоженец Мухамед Хасамур Рахман со својата идна сопруга. Насоин Ахтер Насоин Ахтер Насоин АхтерМусамат Ахи Ахтер (на фотографијата) била омажена лани на 13 години. Мусамат Ахи Ахтер Мусамат Ахи Ахтер

Бракот на неполнолетни лица е незаконски во Бангладеш, но никој не се труди да го почитува законот. Роднините на младите невести им плаќаат на матичарите за да ја сокријат вистинската возраст на девојките. Лошата вест е што се планира нов закон кој ќе дозволува брак на девојки на 16 години, само во специјални услови (ако таа е бремена или ако тоа е желба на нејзините родители).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.