Почетна » Новости » Животни стории » Трогателно: Емотивен апел на млада вдовица која ги изгубила бебето и сопругот поради пијан шофер

Трогателно: Емотивен апел на млада вдовица која ги изгубила бебето и сопругот поради пијан шофер

Млада жена, која останала без своето бебе и саканиот сопруг поради пијан шофер, со емотивен текст апелира: „Не возете под дејство на алкохол!“ Пред една година, таа, нејзиниот сопруг и 15-месечниот син доживеале тешка сообраќајна несреќа, предизвикана од жена која возела под дејство на алкохол.

Дестини Мантија имала само 21 година кога нејзиниот син Паркер и сопругот Кори загинале во сообраќајката. Иако била сериозно повредена, Дестини успеала да се избори за својот живот. За жал, ги изгубила двете најважни личности во нејзиниот живот.

Дестини Мантија

Според извештаите на полицијата, возилото кое ја причинило несреќата било управувано од 42-годишна алкохолизирана жена, која починала од ударот.

По повод годишнината од смртта на нејзините сакани, Дестини испрати емотивен апел до сите шофери да не пијат пред да возат. Во објавата, таа напиша дека она што изгледало како обичен ден се претворило во кошмар кој ги избришал сите нивни семејни соништа за иднината.

Не можевме ни да замислиме дека за неколку минути сè ќе се промени. Дека повеќе нема да имаме можност да ја живееме иднината заедно. Дека повеќе нема да можеме заедно да ги остваруваме соништата кои ги имавме. Дека нема да ја купиме нашата прва заедничка куќа, дека нема да го однесеме Паркер на првото потстрижување или на првиот училиштен ден и дека нашето семејство никогаш нема да се прошири. Не можевме да замислиме дека тоа е тоа. Дека сè што некогаш сме знаеле ќе заврши и тоа не по наш избор.

Додека возевме, јас, мојот неверојатен сопруг кој возеше, моето скапоцено бебе кое сè уште беше доенче и гледаше „Mickey Mouse Club House“ бевме речиси директно удрени со преголема брзина од пијан возач. Тој датум и час засекогаш ќе бидат врежани во мојата глава.

Постапката на една себична личност, која сметаше дека е во ред да вози, инстантно му го одзеде животот на мојот сладок невин 15-месечен син на задното седиште. Таа беше причината што јас и сопругот мораше да бидеме пренесени во болница со хеликоптер, каде 24 часа подоцна маж ми ја изгуби битката за живот.

Една себична одлука која вклучува пиење и возење ме направи вдовица и мајка на ангел на само 21 година. Таа предизвика многу кошмари со тоа што беа објавувани многу вести за несреќата, ми беше пратен извештај од аутопсијата на моето бебе и многу слики од реконструкцијата на сообраќајката. Многу нешта кои 21-годишна личност не ви требало никогаш да ги види или да си ги замисли. Таа го уништи секој наш заеднички сон и ми предизвика болка каква што не знаев дека постои.

Тој ден Дестини, која беше мајка и сопруга, умре. Чувствував дека треба да се пронајдам себеси. Не знаев дека поседувам таква сила. Мислам дека успеав да ја пронајдам оваа сила само преку молитви и поддршката од многуте пријатели и семејството и групата на вдовици која ме уверуваше дека е нормално да се чувствувам онака како што се чувствував.

Оваа рана, болка и рушењето на нашата иднина можеа да бидат спречена доколку некој истапеше и ја спречеше оваа жена да вози пијана. И ти можеш да спасиш нечиј живот. Не им дозволувај на твоите пријатели или роднини да пијат и да возат. Застани до мене! Ајде да го запреме ова. Еден е премногу. НЕ ВОЗИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!

Дестини Мантија Дестини Мантија

„Се надевам дека некои луѓе ќе сфатат дека заедно можеме да направиме промена. Една пијачка е премногу за да возиш. Мојата несреќа можеше да биде спречена доколку една личност одлучеше да зборува. Како би можела да не помогнам да се спаси некој друг?“ – рекла таа за BuzzFeed.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.