Се сеќавате на Ања Рингрен Ловен, жената која го спаси прегладнетото момче обвинето за вештерство во Нигерија?
Хуманата Данка има нова мисија. 43-годишната хуманитарка во „Земјата на надежта“ (Land of Hope) згрижи уште едно момче, кое нејзин колега го пронајде голо, претепано и фрлено во грмушки.
Ања објаснува дека поради коронавирусот во Нигерија е зголемен бројот на случаи во кои децата се обвинуваат дека се вештери и се напуштани од нивните родители.
Детето кое беше најдено голо и малтретирано и фрлено во грмушките помина 10 дена во болница. Рендген снимките покажаа колку брутално беше претепано. Како што пишував, има алармантен пораст на тешко злоставување на деца и деца кои се обвинувани за вештерство поради пандемијата.
Самопрогласени пастори и таканаречени „доктори за вештерство“ тврдат дека децата „вештери“ го донеле коронавирусот во Нигерија.
Кога ќе престане ова лудило?
Не знаеме многу за детето. Тоа допрва треба да зборува. Понекогаш има толку големи болки што плаче цела вечер. Другпат се смее и се чини дека се подобрува. Тоа се менува од ден на ден.
Ања им помага на децата во Нигерија од 2012 година, но таа се прочу низ целиот свет кога го спаси малиот Хоуп од сигурна смрт во 2016 година. Фотографиите на кои таа му дава вода на преслабото детенце расплакаа многу лица. Оттогаш, Ања има спасено многу деца и секојдневно се обидува да ја подигне свеста за проблемот со вештерството.
Хоуп одлично напредува и се развива во својот дом.
„Суеверијата секоја година убиваат илјадници невини деца“.
„Во 2012 година, ја основав непрофитната организација. Мојата мисија е да ја подигнам свеста за невините деца во Нигерија кои се измачувани и убивани под обвинение за вештерство. Она што го започнав сама во Данска прерасна во меѓународно движење и во 2016 година бев прогласена за Најинспиративна личност. Јас не сум херој. Она што го правам јас, може секој друг. Тоа е едноставна акција. Да им помагаме на другите. Да бидеме добри со луѓето. Да им покажуваме љубов и добрина. Сите го можеме тоа“ – пишува Ања