Почетна » Новости » Животни стории » „Таа избра живот“: 42-годишна жена роди тројка, откако ги отфрли советите на докторите да го абортира едното

„Таа избра живот“: 42-годишна жена роди тројка, откако ги отфрли советите на докторите да го абортира едното

По долги и мачни обиди за зачнување, Кристи и Рајан Бек конечно станаа родители, и тоа на три бебиња одеднаш. Но, нивната среќа немаше да биде тројна ако го прифатеа советот на докторите да абортираат едно за да избегнат компликации.

Кристи Бек Кристи Бек

Имено, минатата година Кристи и Рајан подигнале кредит за да се обидат со уште една последна мачна рунда на ин витро оплодување, која се покажала како успешна. На Кристи ѝ биле поставени два оплодени ембриони и таа на 42 години ја добила веста дека ќе стане мајка на близнаци.

По неколку недели, за парот следувало уште едно изненадување. На прегледот со ултразвук во 12 недела од бременоста, докторите откриле дека всушност Кристи носи тројка.

Две од бебенцата биле идентични близнаци кои делеле иста плацента, а тоа предизвикало појава на синдром на меѓублизначка трансфузија – едното бебе добивало премногу хранливи материи преку плацентата, додека другото премалку.

Со цел бременоста да биде успешна и да мине без сериозни компликации, докторите ги советувале да абортираат едно од бебињата, бидејќи бил голем ризикот да ги изгубат близнаците.

„На денот кога дознавме дека ќе имаме тројка, бевме во тотален шок, не можевме да поверуваме. Ни беше кажано дека бидејќи близнаците делат една плацента, мали се шансите да преживеат. Ни дадоа избор да го абортираме едното од бебињата или да ризикуваме да ги изгубиме близнаците. Беше лудо што од радост дека ќе имаме три деца, се префрливме на зборување за да абортираме едно од нив. Но, ние чувствувавме дека третото дете ни е дадено со причина, па одлучивме да си ја пробаме среќата“ – изјавила Кристи.

Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек

Поради ризичната бременост во петтата деценија од нејзиниот живот, на Кристи ѝ било препорачано да се одмара од 20. недела, па сè до крајот на бременоста.

„До крајот на бременоста, постојано бев нервозна и прашував дали сите три дишат, дали има три срца што чукаат, дали сите имаат екстремитети и прсти. Беше емотивно, бидејќи секојпат кога ќе ги слушнев нивните срца плачев со олеснување“ – додала таа.

Кристи Бек

Бебенцата се родиле на 6 април во добра здравствена состојба и ги добиле имињата Ели, Кали и Роквел. „Беше прекрасен момент“ – вели среќната мајка за породувањето.

Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек Кристи Бек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.