Почетна » Новости » Животни стории » Сторијата која ја обиколи Србија: На 60 години РОДИ БЕБЕ, 68-годишниот сопруг ја напушти по породувањето

Сторијата која ја обиколи Србија: На 60 години РОДИ БЕБЕ, 68-годишниот сопруг ја напушти по породувањето

Србинка на 60 години си ја оствари животната желба да стане мајка. Атифа Нокиќ со помош на царски рез роди здраво девојче кое го доби името Алина.

„По петтиот обид за вонтелесно оплодување, успеав да забременам и да родам бебе. Знаев дека ќе биде голем ризикот во овие мои години, но единствена желба во животот ми беше да имам дете и таа ми се оствари. Воопшто не се плашев за мојот живот. Бог ми даде храброст, таква ми била судбината и сè одеше како што треба“ - изјавила таа за Blic.

Атифа Нокиќ

Сопругот на Атифа, Шериф Нокиќ, на почетокот не сакал да имаат деца, бидејќи тој има 4 деца од првиот брак. Сепак, на крајот се согласил за да ѝ ја исполни желбата на Атифа.

По породувањето, Атифа ја дочекало непријатно изненадување. Имено, Шериф одлучил да ги напушти и категорично изјавил дека не сака да ѝ го даде своето презиме на Алина и дека не сака да се води како нејзин татко. Парот беше во брак 8 години.

Атифа Нокиќ Атифа Нокиќ

Атифа, која живее под кирија и има здравствени проблеми, засега има помош од две патронажни сестри. И покрај многуте проблеми, таа е решена да ѝ овозможи добар живот на ќерка си.

Сторијата разгоре многу дискусии. Додека некои ѝ честитаат на мајката за храброста, други ја критикуваат, затоа што големи се шансите девојчето да остане без родители во младоста, а и заради тоа што нема да има финансиска сигурност.

Атифа е втората најстара родилка во Србија.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.