Жена, која не можела да има деца, раскажа како станала мајка на 5 сина и порача дека семејството доаѓа во сите форми и големини.
Хедер Орам имала само 6 недели кога доктор забележал дека јајниците не ѝ се правилно прикачени и одлучил дека е подобро да ѝ бидат отстранети. На 13-годишна возраст, таа дознала дека никогаш нема да може да зачне и да роди свои биолошки деца.
Додека растела, таа најмногу се плашела од реакцијата на нејзиниот избраник кога ќе дојде момент да му ја соопшти веста. Но, стравовите биле залудни, бидејќи сретнала прекрасен маж, кој смирено ја примил таа информација.
Како што растев, мојот најголем страв беше дека еден ден ќе морам на мојот потенцијален сопруг да му кажам дека никогаш нема да можам да му родам деца. Тогаш го запознав Џејсон. Тој беше самохран татко на две прекрасни мали момчиња и се заљубивме до уши.
Пред да се свршиме, му ја кажав мојата најголема тајна. На прсти се броеја луѓето кои ја знаеја. Липав додека му кажував. Тој ме фати за лице и ми рече дека не е важно како нашите деца ќе дојдат кај нас. Тие ќе бидат НАШИ деца. Минатиот јуни добивме дозвола за посвојување.
Парот создал Facebook профил за посвојување, како и Instagram страница со фотографии од нивниот живот. На 15 септември биле контактирани од жена која сакала да им го даде своето дете, но таа никогаш не ги контактирала повторно за да им испрати докази дека е бремена.
Половина месец подоцна, Хедер и Џејсон добиле порака од друга трудница, која сакала да се сретне со нив.
Два дена подоцна, се договоривме да се сретнеме на вечера. Само што си помисливме дека таа нè извиси, пред нас се појави бремена девојка со мајка си. Се гушнавме и таа ни покажа снимка од ултразвук од мало момченце. Тој подоцна почна да клоца и таа ми дозовли да ѝ го допрам стомачето. Кон крајот на вечерта, нè праша како се чувствуваме и дали ќе го посвоиме нејзиното бебенце за да го сакаме засекогаш. Ние липавме. Сред вечера. Бевме во шок. По три недели, го гледав мојот син Енди како се раѓа. Јас прва го држев и му ги бакнав малите рачиња. Беше 30 октомври 2017 година.
Само што започнала да се навикнува на новиот живот како мајка на новороденче, Хедер добила повик од првата жена која ја контактирала за посвојување. Таа ѝ честитала за бебето и ѝ рекла дека друго семејство ќе го посвои нејзиното бебенце. Но, во јануари годинава, жената повторно ѝ се јавила за да ја праша дали ќе го посвојат и нејзиното бебенце.
Таа ми рече дека другото семејство не чувствувало дека треба да го посвои нејзиното бебе. Ми рече дека знаела дека на бебето му е судено да биде наше. Стоев со моето 3-месечно бебе в раце, а таа ми испраќаше снимки од устразвук од момчето кое растеше во нејзиниот стомак. Останав без зборови. Но, знаев. Длабоко во мене знаев.
Шест недели по разговорот, парот и нивното бебенце се запознале со таа жена и нејзините три деца. Тоа било вечерта пред породувањето.
Следниот ден седевме покрај нејзиниот кревет и гледавме како се раѓа нашиот син Елис. Џејсон дури му ја сече папочната врвца. Јас прва го држев и му ги бакнав малите рачиња.
Никогаш не замислувавме дека ќе имаме 2 новороденчиња на 4 месеци растојание. Посвојувањето е неверојатно нешто. Поради жртвата и несебичноста на жената, јас им станав мајка на двете најсовршени момченца кои некогаш можев да ги посакам.
По посвојувањето, парот одлучил да одржува контакт со биолошките родители на двете деца.
Тие му платиле патување на еден од браќата на Елис, Шон, за да дојде кај нив на 10-дневна посета. Но, 10 дена се претвориле во цело лето. На крајот од летото, Шон започнал да игра фудбал и бил многу добар во тој спорт, па ја замолил мајка си да остане во семејството.
Никогаш не замислував дека ќе добиеме уште 3 деца за помалку од 9 месеци (особено сите машки) на оние 2 кои веќе ги имавме. Јас не родив ниту едно од тие 5 момчиња кои ги имаме дома во моментов. Но, јас сум нивна мајка. Оттогаш ги финиширавме постапките за посвојување на Елис и Енди. Тие официјално се презиваат Орам. Имаме заедничко старателство над најголемите синови заедно со нивната мајка. И немаме временско определување колку долго време Шон ќе остане кај нас. Семејството не мора да биде крвно поврзано. Тоа доаѓа во сите форми и големини. Љубовта е она што е важно. Па, ете сме. Семејство од 7 члена. Премногу се сакаме заемно. Честопати одиме на заеднички авантури. Не е секогаш лесно. Имаше многу подеми и падови, но не би го промениле за ништо на светот