Почетна » Новости » Животни стории » „Ова сум вистинската јас“: Девојка, која се срамела од својата кожа, научи да се сака себеси и да не ги крие акните

„Ова сум вистинската јас“: Девојка, која се срамела од својата кожа, научи да се сака себеси и да не ги крие акните

Девојка, која со години страдала поради акните, научи да се сака себеси и сега гордо ја покажува својата кожа без шминка.

Џоана Кени

Целта на Џоана Кени е да шири позитивност кај тинејџерките, девојките и жените за да ги охрабри да се сакаат себеси онакви какви што се. „Порите не се недостаток“ – со ова мото таа се стреми кон менување на стандардите за убавина кои постојат во општеството.

Честопати таа покажува фотографии со Фотошоп за да покаже дека реалноста е различна од она што го гледаме на Instagram.

Џоана Кени Џоана Кени Џоана Кени Џоана Кени Џоана Кени

Акните започнале да се одразуваат лошо на животот на Џоана од Англија уште во нејзините тинејџерски години.

„Акните започнаа да ми се појавуваат во раните тинејџерски години. Се чувствував засрамено и беспомошно. Немав претстава како да се грижам за мојата кожа. Внатрешно, бев преплашена. Не сакав да им дадам на исмејувачите на училиште причина за да ме задеваат. Како и повеќето тинејџери, и јас поминував низ многу лични промени. Одеднаш почна да ми е важно што мислат другите за мене и поминував сè повеќе и повеќе време гледајќи се во огледалото. Она што не го гледав е дека тоа ја покажуваше само мојата рефлексија, а не како ме гледаат другите“ – раскажува Џо.

Џоана Кени

Со поддршка од нејзината мајка, таа се обидела да се ослободи од акните со помош на терапии со секакви лекарства препорачани од лекари – од хормонски до антибиотици. За жал, наместо да ѝ помогнат, тие кај неа предизвикале Синдром на нервозни црева. Ништо не ѝ помагало.

Џоана Кени Џоана Кени

На 18 години, Џо се квалификувала за терапевт за убавина и морала честопати да го „разголува“ своето лице пред колегите и студентите. Поради тоа, честопати добивала совети кои воопшто не ги барала и кои правеле да се чувствува уште полошо. Но, позитивната страна била што таа научила со помош на шминката совршено да ги покрива акните.

Џоана Кени Џоана Кени

„Како козметичарка, шминката беше дел од мојата униформа. Но, едно од најлошите нешта кај акните е нивната видливост. Ако не ги покриете, тоа е отворена покана за непосакувани совети. Да, сите се експерти на тема акни. Колку и да беа добронамерни советите, ме влечеа надолу. Некои совети ги слушав постојано. Омилен ми беше: ‘Си пробала да си го миеш лицето?’“ – вели таа.

На 19 години, Џо започнала да живее со момчето, па прикривањето на акните 24/7 било толку исцрпувачко за неа, што таа решила да ја прекине врската.

„Започнав да искусувам параноја. Секогаш си замислував дека луѓето ми се смеат кога минуваа покрај мене. Не помина долго време пред моето нерационално однесување да започне да ѝ штети на мојата врска. Не можев да му објаснам зошто не можев да излезам од бањата кога тој ќе побараше или зошто светлата требаше да бидат изгаснати или зошто не сакав да излезам со неговите пријатели. Немаше да разбере. Или можеби ќе разбереше? Жалам што не му дадов шанса“ – вели таа.

Џоана Кени

По раскинувањето, Џо пробала со други лекарства да си ја подобри кожата, но резултатите биле само привремени. Во меѓувреме се преселила на Британските Девствени Острови, каде го запознала својот сегашен партнер Крис.

Џоана Кени Џоана Кени

За да не дозволи акните да ѝ ја уништат и оваа врска, Џо одлучила да биде искрена со Крис и да му го покаже вистинскиот изглед. Така го создала блогот „Beautiful by Breakfast“, каде започнала да ги покажува акните на социјалните мрежи и да се залага за менување на стандардите за убавина кои постојат во општеството.

Џоана Кени

„Со само еден клик, избришав години поминати во анксиозност и чувствував дека повеќе не живеам во лага. Ова сум вистинската јас.“

„Низ мојата приказна, опишав дека акните ми го диктираа животот. Но, она што неодамна го сфатив е дека состојбата на мојата кожа никогаш не ми била пречка, пречка ми беше менталната состојба. Акните не ме спречуваа да се дружам, туку анксиозноста. Акните не ме спречуваа да ја отворам влезната врата кога некој ќе чукнеше, туку анксиозноста. Акните не ме расплакуваа секоја вечер, туку депресијата. Среќата не беше отсутна од мојот живот поради акните, туку поради тоа што имав нетретирана состојба во менталното здравје. Денес, јасно можам да видам колку многу менталното здравје ме спречуваше да направам физички промени во мојата кожа. Се прашувам зошто никој не ми понуди психолошка поддршка заедно со традиционалниот третман на акните“ – раскажува Џо.

Џоана Кени Џоана Кени

Таа вели дека не постои еден универзален лек за акни и дека причините за нивна појава може да бидат различни. Најважно од сè е да се сакате себеси.

„Честопати ме прашуваат кој е лекот за акни. Има многу различни причини за појавата на акни и е невозможно да се даде еден совет кој ќе функционира за сите. Па затоа, ќе ги одговорам сите тие прашања со само еден совет, кој ќе ви ги даде најефективните и најтрајните резултати. Љубовта. Бидејќи ништо добро не може да се случи ако омразата е ваша мотивација“ – советува таа.

Џоана Кени Џоана Кени Џоана Кени

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.