Почетна » Новости » Животни стории » „Многу ве сакам“: Малата Валерија блеска од среќа и ја поздравува Македонија по успешната операција

„Многу ве сакам“: Малата Валерија блеска од среќа и ја поздравува Македонија по успешната операција

Приказната за малата Валерија растажи многумина, кои веднаш ги отворија своите срца и помогнаа ова мало девојче денес да блеска од среќа.

7-годишното девојче од Штип мина низ успешна операција на тумор на мозокот во Истанбул, благодарение на хуманите луѓе кои за кратко време ги собраа потребните средства за лекувањето во странство.

Краток период по хируршкиот зафат, слатката Валерија со широка насмевка им упати порака на цела Македонија во знак на благодарност за хуманоста.

„Чао штипјани, чао Македонијо. Многу ве сакам, сè е добро тука, шетам. Многу ве сакам, поздрав, чао“ – вели таа во видео објавено од нејзиниот татко, Зафир Зафировски.

„Валерија упатува голем поздрав од срце за сите вие кои што бевте несебично хумани“ – напиша тој во описот.

Валерија

Зафировски сподели и фотографии од Валерија и нејзината мајка пред слаткото девојче да замине во операциска сала.

Валерија Валерија Валерија

Семејството се вклучи во повеќе хуманитарни акции и сите дополнителни средства ги донираше за помош на други дечиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.