Мајка одлучи да си го трансформира животот и да ослаби откако забележала дека е премногу уморна за да игра со синчето.
Ерика Луго пред пет и пол години тежела 146 килограми, а денес одушевува со својот фит изглед и е фитнес тренер. Прекумерната тежина на Ерика се должела на љубовта на нејзиното семејство кон храната, но и на брзата храна која ја јадела во средношколските денови. „По оброците, секогаш имавме десерт. На тој начин, преку храната, моето семејство покажуваше љубов, како и многу други“ – рекла таа.
Пресвртен момент за неа бил кога нејзиното синче ја викнало да седне со него на подот за да играат, но таа немала енергија и му рекла „Не“.
„Јасно се сеќавам како седев на каучот со нула енергија и јадев некакви грицки, не сакајќи да станам зашто тоа ми изгледаше како премногу напорно. Тој имаше три и пол години тогаш. Можеби звучи клише, но тоа за мене беше момент кога ми светна дека сум личност која попрво би јадела крекери и би гледала ТВ наместо да си играм со син ми. Погледнав во него и сфатив дека јас го донесов на овој свет и дека тој заслужува многу повеќе од мајка која дури нема енергија да игра со него“ – објаснува таа за нејзината мотивација за слабеење.
Ерика започнала да слабее со помош на апликација, која ѝ помагала да внесува по 2.000 калории дневно и да тренира четирипати неделно. „Никогаш не знаев ништо за фитнесот и нутриционизмот додека растев, па затоа започнав со основите – повеќе да се движам и помалку да јадам. Понатаму сè е само спирала“ – вели таа.
Во првите 13 месеци, Луго ослабела 55 килограми, но потоа нејзиното слабеење започнало да стагнира, што ѝ сигнализирало да го промени режимот на исхрана и вежбањето. „Многу фрустрира кога првпат ќе стигнете со стагнација“ - вели таа.
Во следните 11 месеци, намалила само 17 килограми, фокусирајќи се на зголемување на мускулната маса. Таа тренирала шест дена во неделата – 20 минути кардио и 40 минути со тегови.
„Мене ми требаа вкупно три години. Искрено, чувствувам дека секоја година учам по нешто ново. Многу сум посилна“ – вели Ерика и додава дека е пресреќна што нејзиниот син живее многу поздрав начин на живот од неа.
„Среќна сум што мојот 9-годишен син расте со мајка која редовно вежба, готви здрави оброци и отворено зборува за хранливите состојки. Тој гледа на вежбањето како на миење заби, мисли дека е секојдневна неопходност која возрасните ја прават. Не мисли дека тоа е нешто за кое треба да издвојувате време. Истото е и за храната, тој мисли дека готвењето со зеленчук и јадењето овошје е нормално и е составен дел од животот. Благодарна сум што нема да влезе во неговите 20-ти години на начинот на кој јас влегов и да се мачи со губењето килограми. За него ќе биде нешто природно да води здрав начин на живот“ – гордо вели Ерика.
Совети од Ерика Луго за слабеење:
- Стремете се да ја намалите тежината за да бидете здрави. „Не мора да имате некоја друга причина за да ослабите освен да бидете здрави“.
- Цифрата на вагата не те дефинира како личност. „Научив дека да бидеш здрав и среќен е многу поважно од слабеењето“.
- Поставувајте си паметни цели кон постигнување нов животен стил. „Поставувајте си достижни цели за да останете мотивирани. Размислувајте на слабеењето како на нов начин на живот, а не како нешто брзо. Направете го тоа одржливо и не бидете екстремист. Вашето тело е многу важно, добивате само едно за цел живот, па најдобро е да се однесувате добро со него“.
- Научете како да јадете во реалниот свет. Пица, крофни, сладолед... сите овие постојат во реалниот свет и луѓето треба да научат да ги јадат умерено.
- Одете на фитнес состаноци. Вежбањето е како состанување. Не е секој тренинг совршен погодок. „Морате да пробувате нови нешта или ќе ви здодее“.