Кога малите деца се воспитани на правилен начин, тие знаат да ни одржат драгоцени лекции.
Мало Македонче, кое со својата гитара собрало на плоштад 8.700 денари и ги донирало, ќе ве инспирира да се вклучите во хуманитарни активности.
На фотографијата, детенцето свири покрај натпис „Сите од срце за ЕЛИ“.
Убавиот гест на малиот фраер доби многу пофалби откако беше споделен од Ирена Мила на Facebook.
Заедно со фотографијата од доброто момче, таа ја сподели и пораката:
Ова фраерче Јован, инаку синче на Zlatka Kovacovska денес денот го поминал свирејќи на плоштад, за да собере донации за Ели. Ова дете собрало 8700 денари и ги донирало. Мајката и синчето се таква инспирација и мотивација! Ви се поклонувам до земја на двајцата! Спасувате живот, ама и будите свест! не секој ги учи своите деца за некои вредности!
Ова фраерче Јован, инаку синче на Zlatka Kovacovska денес денот го поминал свирејќи на плоштад, за да собере донации за...
Posted by Irena Mila on Tuesday, February 2, 2016
За малата Ели можете да донирате на телефоните:
Телефонски броеви за донации
- Т-Mobile: 070/ 143 111
- VIP: 077/ 143 775
- ONE: 075/ 143 114