Малата Валерија моментално закрепнува од операцијата во Турција. Радосната вест за успешната операција на туморот на мозокот ја сподели нејзиниот татко, Зафир Зафировски.
„Народе, да сте живи и здрави. Бог ги слушна вашите и наши молитви. Слава Боже Валерија е ОК, будна без никакви компликации. Бог да ве благослови сите. Бог е голем, да сте живи и здрави што бевте со нас во најтешкото. Бог да му даде здравје и среќа на проф. д-р Мемет Озек“ – се вели во неговата порака на Facebook.
Пред само 9 часа, Зафировски сподели и фотографии од Валерија и нејзината мајка пред слаткото девојче да замине во операциска сала.
Сторијата за 7-годишната Валерија ја трогна македонската јавност и благодарение на илјадници хумани лица беа собрани неопходните 40.000 евра за операција. Семејството се вклучи во повеќе хуманитарни акции и сите дополнителни средства ги донираше за помош на други дечиња.