Почетна » Новости » Животни стории » Ешли Грем раскажа како за малку ќе умрела по раѓањето на близначињата дома поради обилно крварење

Ешли Грем раскажа како за малку ќе умрела по раѓањето на близначињата дома поради обилно крварење

Ешли Грем со емотивен есеј сподели дека нејзиното породување не поминало глатко и компликациите настанале откако ги родила близначињата Роман и Малакај.

Популарниот модел раскажа дека се породи дома со стручен тим покрај себе, но не очекувала дека обилно крварење ќе го наруши она што требало да биде магичен момент.

Во текстот за Glamour, Грем, која има и уште еден поголем син, пишува:

Ешли Грем

Ноќта кога ги родив близнаците, имав хеморагија. Беше 2 наутро кога ми започнаа контракциите. Во 3:45 отидов во тоалет мислејќи дека имам потреба да одам и Малакај излезе додека пристигнуваше мојата дула за да го донесе на свет.

Два часа и седум минути подоцна, го родив Роман во кадата – немаше време ни да го надуваме базенот за породување затоа што сè се случи многу брзо. На почетокот, сите славевме. Не можевме да поверуваме дека моето породување траеше три и пол часа и бев неверојатно благодарна за тимот од стручни, интелигентни и тренирани професионалци кој беше со мене кога го родив Исак и кој сега повторно беше со мене за близначињата.

Следно што се случи, ја погледнав мојата бабица и реков: „Не се чувствувам добро. Мислам дека треба да легнам“ и се онесвестив. Се сеќавам само на лесен допир на образот, што подоцна дознав дека беше од што некој ме плескаше силно на образот, некој ми ја држеше раката, мојот сопруг Џастин кај моето уво се молеше и некој ме бодеше со игла во раката. Се сеќавам видов темнина и нешто што личеше на ѕвезди.

Кога си ја вратив свеста, погледнав наоколу и ги видов сите. Тие постојано ми велеа: „Добро си. Добро си. Добро си.“... Не сакаа да ми кажат дека имав изгубено литри крв. Иако во тој момент не сакаа да навлегуваат во детали, погледнав наоколу, буквално насекаде имаше крв и прснав во длабок плач – емотивно ослободување од хаосот кој штотуку го имав искусено.

Бабиците ме прашаа дали можам да станам и да одам до креветот. Не можев. Не можев да се исправам, ниту за лазам. Па, ме завиткаа во голем чаршав и ме извлечкаа до гостинската соба каде имав низок кревет на којшто можев да се истркалам. Фала му на Бога близначињата беа добро додека лежев на тој кревет 4 дена по ред. Цела недела не можев да одам и немав излезено од дома речиси два месеци.

Ешли Грем

Грем, која е најпознатиот модел со облини и застапничка за ширење позитивност околу изгледот на женското тело, признава дека носењето на близначиња оставило последици на нејзината самодоверба и дека наново учи да го сака своето тело.

„Дури и сега, да бидам целосно искрена, мислите ми се движат во бранови. Сè уште не ми е потполно комфорно во моето тело, без оглед на тоа што се залагам за позитивност за изгледот. Има денови кога си велам дека нема нешто што не можам да постигнам. Потоа ги гледам стриите кои сè уште постојат и засекогаш ќе постојат на мојот стомак и си мислам: 'Господи, зошто мораше да се појавуваат и над папокот? Јас сум модел за долна облека по ѓаволите. Вака не изгледаат моделите за долна облека.' А потоа се потсетувам дека јас и претходно не бев нормата за тоа како изгледа типичен модел за долна облека“ – пишува таа.

Ешли Грем Ешли Грем

По враќањето на работа по породувањето, Грем сними фотосесија за брендот Knix, за која не ги сокри стриите.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.