Почетна » Новости » Животни стории » Доктор од Индија бесплатно оперираше девојка со искривување на вратот од 90 степени, ѝ го спаси животот

Доктор од Индија бесплатно оперираше девојка со искривување на вратот од 90 степени, ѝ го спаси животот

Доктор со големо срце бесплатно оперираше 12-годишна девојка со искривување на вратот од 90 степени која живеела во постојана болка.

Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул

Афшин Гул од Пакистан се родила во добра здравствена состојба, но кога имала само десет месеци, паднала од рацете на нејзината поголема сестра. Како последица на тој инцидент, вратот започнал да ѝ се искривува. Родителите ја одвеле Афшин на доктор и тој ѝ дал терапија и ѝ ставил ортопедско помагало, но состојбата само се влошувала.

„Не можеше да оди, да јади или да зборува. Само лежеше на земјата и моравме за сé да ѝ помагаме“ – рекла мајката на девојчето и додала дека тие не можеле да си дозволат понатамошно лекување.

Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул

Афшин исто така страда од церебрална парализа. Поради нејзиниот здравствен проблем, никогаш немала можност да оди на училиште или да игра со другарчиња. Таа живеела со константни болки до нејзината 12-та година, кога доктор од Индија се заинтересирал за нејзиниот случај откако била објавена статија за неа.

„Ова веројатно е прв случај во светот од ваква природа“ – рекол тој.

Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул

Во март оваа година, доктор Раџгопалан Кришнан, специјалист за комплексни операции на `рбетот, ја оперираше Афшин. По комплексната 6-часовна операција, доктор Кришнан изјавил дека Афшин немало да живее уште долго време без лекувањето.

Сега, таа за првпат може да оди, да зборува и да јаде сама, а за првпат има и свои другарчиња. Докторот секоја недела ѝ се јавува за да ја следи нејзината состојба.

Афшин Гул Афшин Гул

„Не сакавме повеќе да ја гледаме како страда. Таа е девојче кое заслужува да биде среќно“ – рекол нејзиниот брат.

Многу луѓе од целиот свет се инспирирани од нејзината приказна и постојано ѝ испраќаат подароци и писма со добри желби.

Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул Афшин Гул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22260 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.