Девојка одлучи целосно да го трансформира својот начин на живот и да ја намали телесната тежина откако појасот во авион не можел да ја собере за да се закопча. Таа ослабе 57 килограми непосредно пред свадбата и доби можност да ја носи венчаницата од нејзините соништа.
Ниама Хедоу од Велс патувала на својата роденденска забава во забавен парк кога се случила непријатната случка во авионот. Потоа, во забавниот парк, таа била преместена на поголемо седиште, што било пресвртна точка во нејзиниот живот.
„Имав 120 килограми и бев многу несреќна. Отидов во Флорида за да го прославам мојот 21. роденден, но стапалата ми отекоа и прославата ми беше многу тешка. Не сакав да се помирам со мојата тежина. На едно од возењата во забавниот парк, ме преместија на поголемо седиште, а појасот не можеше да ме закопча во авионот. Како 21-годишна девојка, тоа беше засрамувачко за мене“ – рекла таа за моментот кога одлучила да се промени.
Дополнително, на нејзината одлука влијаела и мајка ѝ, која била премногу загрижена за нејзиното здравје.
„Кога се вратив од патувањето, дојде да ме посети мајка ми од Австралија. Ме немаше видено повеќе од една година, а кога ме виде беше исплашена за моето здравје. Ми рече дека плачела од страв за моето здравје. Мојот индекс на телесна тежина (БМИ) беше 43 и бев во ризик да добијам многу болести. Па, на крајот од август 2015 година, го започнав моето патување“ – објаснила Хедоу.
Додека студирала, таа се хранела многу нездраво и буквално живеела на тестенини и бисквити. Мотивираната девојка вели дека сега сама ги приготвува своите оброци и дека се храни здраво и по план.
„Додека студирав, буквално јадев и пиев тестенини. Понекогаш не се ни трудев да готвам, па ќе јадев пакување бисквити. Сега сè што јадам е свежо, мојата исхрана е организирана и планирана. Мојот индекс на телесна тежина премина од 43 на 23,7 и за првпат во мојот живот јас имам здрав БМИ“ – вели таа.
Ниама во минатото имала намалена самодоверба и поради тоа, страдала нејзината врска со саканиот. Таа воопшто не помислувала да стапи во брак, бидејќи не чувствувала дека може да облече венчаница и вели дека никогаш немаше да зачекори кон олтарот ако не ослабеше. Нејзиниот партнер ја запросил на половина од нејзиното патување.
„Бев параноична и поради тоа што не бев среќна со мојот изглед, ми страдаше врската со партнерот. Не постои дел од мојот живот што не се промени со моето слабеење.“
„На денот на свадбата се чувствував неверојатно. Никогаш немаше да се чувствувам доволно самоуверена за да го носам фустанот од моите соништа или да правам свадба ако не ослабев. Ја сакам модата и за мене е неверојатно што можам да ја носам облеката што сакам да ја носам. Луѓето гледаат колку сум среќна“ – рекла таа.
Ниама вели дека има една фотографија која секогаш ја потсетува на моментите кога се чувствувала најлошо во сопствената кожа.
„Оваа фотографија секогаш ми е мотивација. Ако некогаш посакувам екстра чоколадо или ако излезам од мојот распоред, се потсетувам на чувството кое го имав кога ја видов фотографијата, чувството кога не ме собираше во седиштето и чувството кога мајка ми ме виде. Сега сум многу поразлична личност“ – пишува таа на Instagram.