Почетна » Новости » Занимливости » Љубов и посветеност: Мајка детално му ги раскажува фудбалските натпревари на слепиот аутистичен син

Љубов и посветеност: Мајка детално му ги раскажува фудбалските натпревари на слепиот аутистичен син

На Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, кој беше на 2 април, се раширија инспиративни приказни од светот.

Таква е животната приказна на Силвија Греко и нејзиниот син Николас, кој е слеп и има аутизам. Инспиративната мајка од Бразил детално му го раскажува на уво на синот секој фудбалски натпревар на тимот Палмејрас за тој вистински да може да ја доживее атмосферата и да знае што точно се случува на теренот.

Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко

Никој не знаел за оваа мајчинска посветеност, сè додека лицата зад камерите за време на еден натпревар во 2019 година не забележале дека Силвија зборува нонстоп и дека навива на увото на нејзиниот син. Тогаш FIBA дозна дека синот на Силвија е слеп и дека таа му го раскажува целиот меч на уво.

Приказната за дуото мајка-син стана хит на интернет, а на Силвија ѝ ја донесе наградата од FIFA за „Најдобар фан“.

Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко

Николас се родил пет месеци предвреме со ретинопатија, која резултирала со губење на видот. Покрај слепилото, 17-годишниот тинејџер има и блага форма на аутизам.

Николас ја има наследено љубовта кон фудбалскиот клуб Палмејрас од неговата мајка. И покрај слепилото, тој присуствува на секој нивен натпревар заедно со мајка си.

Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко

„Моето раскажување е нешто кое доаѓа од моите емоции, не сум професионалец. Сè што гледам и чувствувам, му пренесувам нему, дури и кога сакам да пцујам по судијата... Му опишувам детали: овој играч носи кратки ракави, бојата на неговите копачки, бојата на косата.“

„Тој пее, навива, ме прегрнува... Ги доживува игрите со голема возбуда. Ги користиме до максимум работите кои тој сака да ги прави, како фудбал и музика. Во 2020 година, беше на финалето на Копа Либертадорес, а отпатува и во Катар за да го следи тимот на СП.“

„Во сите овие години со Николас се чувствував невидливо. Денес, луѓето сфаќаат дека постојат луѓе со попреченост, а спортот има моќ да им ги промени животите“ – рекла Силвија.

Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко
Силвија и Николас Греко Силвија и Николас Греко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25048 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.