Ајде со здружени сили да му помогнеме на малиот Марко да продолжи да му се радува на животот. 6-годишното детенце од Скопје има тумор на мозокот кој итно мора да биде опериран.
Хируршкиот зафат треба да се изврши во Турција, а на неговото семејство му се потребни над 56.000 евра за лекувањето.
Мозочниот тумор му бил дијагностициран во 2020 година, по една година епилептични напади резистентни на терапија.
Број за донација
143 117 (Телеком)
143 555 (A1)
Сметка за донација
300001000026677
Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Марко Шпетков – донации
Девизна сметка
МК 07300307050978133
SWIFT: KOBSMK2X
Отворен е и профил за донации преку GoFundMe.