Јулијана Јусеф поседува огромна самодоверба и се гордее со себе, иако била исмејувана и навредувана заради изгледот кога била мала.
26-годишната девојка која живее во Варшава има многу бенки по рацете и телото и еден голем белег кој покрива голем дел од нејзиниот грб и стомакот. Поради тоа, на нејзина адреса честопати биле испраќани навреди како „далматинец“, „жирафа“ и „крава“.


„Докторите беа шокирани, бидејќи немаа видено толку екстремен случај. Имав многу бенки на моето мало тело и тие му рекоа на моето семејство дека не знаат колку долго ќе живеам“ – објаснила таа.


И покрај лошите прогнози, Јулијана се изборила за живот. Сега таа го живее секој ден до максимум и ги инспирира своите фанови на Instagram.
Нејзините следбеници секојдневно ја опсипуваат со позитивни коментари како „Ти си прекрасна“, „Мојата ќерка исто така има белег и сакав да кажам колку прекрасно е да се види дека други се гордеат со својата ретка убавина“ и „Мора прво самите да се сакаме себеси за другите да нè почитуваат и сакаат. Му благодарам на Бог што сите сме различни, тоа ни ги прави животите позабавни“.


