На младиот Дарко Арсов итно му е потребна трансплантација на црн дроб како би се решила неговата лоша здравствена состојба.
37-годишниот Дарко е добитник на Златен медал на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада, одржани во Полска во 2010 година, во категорија: атлетика – дисциплина 50 метри, а покрај учеството во Варшава, Арсов ги бранеше боите на Македонија и во соседна Грција. Во 2011 година, од Атина се врати со Златен медал од Специјалната олимпијада, и тоа во својата дивизија - 25 метри пливање.
Поради болеста, тој е спречен да продолжи да се занимава со спортот и музиката, кои беа дел од неговото секојдневие и неуморната желба за победа. Затоа, секој заинтересиран кој сака да помогне, може да го контактира на објавениот телефонски број и да се вклучи во процесот... целта е уште еднаш една и заедничка: да се спаси еден скапоцен живот!