Почетна » Новости » Животни стории » Актерката Кристина Ричи жртва на семејно насилство, објавени се фотографии од повредите кои ѝ ги нанел сопругот

Актерката Кристина Ричи жртва на семејно насилство, објавени се фотографии од повредите кои ѝ ги нанел сопругот

„Дома не е безбедно за сите“ – ова честопати се потенцираше за време на пандемијата кога стануваше збор за жртвите на семејно насилство.

Искуството на актерката Кристина Ричи е доказ дека тоа е навистина така. 40-годишната ѕвезда од „Семејството Адамс“ открила дека за време на карантинот „се нашла заробена во иста куќа со насилник“ и побарала забрана за приближување за нејзиниот сопруг Џејмс Хирдеген. Таа доставила и фотографии од модринките нанесени од него, кои подоцна беа објавени од TMZ.

Кристина Ричи

Хирдеген ја имал неколкупати физички нападнато Ричи, која сега се плаши за нејзиниот живот и за животот на нивното дете.

Првиот напад се случил во декември 2019 година, кога тој ја претепал, ја плукал и ја исмејувал испуштајќи звуци како прасе. Тој инцидент ја убедил дека мора да се разведе од него, но пандемијата го забавила бракоразводниот процес.

Во документите, таа тврдела дека во јуни минатата година, тој физички ја нападнал уште двапати, а на вториот инцидент бил сведок нивниот 6-годишен син. За да ја спречи да повика полиција, во првиот напад, тој ја влечел за зглобовите од рацете и ја фрлил во дворот, додека во вториот напад фрлил столица и кафе врз неа.

По овие инциденти, Кристина поднела документи за развод.

Во документите е наведено дека Кристина се плаши дека Џејмс може да ја убие. На крајот од 2019 година, тој ѝ рекол дека единствен начин да ѝ падне жал за неа е ако таа „биде исечена на мали парчиња“.

Вчера, на Кристина ѝ беше одобрено барањето за забрана за приближување и сега Џејмс не смее да им се доближи ниту нејзе, ниту на нивниот син, а не смее да има никаков контакт со нив.

Кристина изјави дека се плашела дека тој може да објави аудио и видео со кое може да ја посрамоти и понижи и бара од судот да го принуди да го предаде истото.

За возврат, адвокатот на Џејмс поднесе барање за забрана за приближување за Кристина поради „нејзиното насилно однесување како последица на користење алкохол и супстанци“.

Кристина Ричи Кристина Ричи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19685 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.