По ужасната трагедија во Кочани, Ана Костадиновска доби топла поддршка од своите ученици.
Со слатка порака, тие ѝ ја изразија својата поддршка и љубов, надевајќи се дека ќе ја видат повторно насмеана.
Талентираната битолчанка, која беше придружен вокал на ДНК и едвај успеа да се спаси во пожарот, доби многу љубов од своите ученици Илија и Драгана.
„Драга професорке, ви посакуваме брзо опоравување и што поскоро да ви се врати насмевката на лицето. Ве сакаме, Илија и Драгана“ – стои во нивната порака, испратена со прекрасен подарок.
„ВИЕ сте мојата насмевка и сила. ВЕ САКАМ деца мои“ - напиша Ана.
Ана со тешко срце се збогуваше со своите осум колеги од ДНК, а најемотивно приврзана беше кон Сара Пројковска, со која беа многу блиски и заедно придружуваа многу пејачи на нивните концерти.
„Јас и ти ко едно тело“ - напиша Ана во описот на фотографија со Сара, која не успеа да се спаси во пожарот.

