Леонид Индов не ја сплоти само Македонија, туку и Македонците кои живеат и работат надвор од нашата земја.
Семејството на момчето кое во моментов се лекува во Виена, Австрија, доби хумана понуда од добродушен Македонец кој живее и работи таму. Марјан Атанасовски на располагање го стави својот дом и автомобил, нудејќи им на најблиските на Лео место за спиење, јадење и превоз.
„За семејството на младото момче Леонид, што се лечи во Виена, им стојам на располагање спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лечи. Со лесно“ – напиша тој на Facebook.
Леонид е во критична состојба поради тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на 'рбетниот мозок. Тој минатиот месец беше транспортиран во Виена со хеликоптер за да продолжи да се лекува, но Фондот одби да ги покрие трошоците.
Македонија уште еднаш ја покажа својата хуманост и се сплоти за Лео, а од Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат во покривањето на трошоците.
Еве како можете да донирате за Лео:
Броеви за донации:
А1: 143-500
Телеком: 143-118
Сметка за донација
210700000680591
НЛБ Банка
За донации од странство
BRANKO INDOV
IBAN: MK07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE
Можете и да донирате средства на следниот линк: GOFUNDME