Елизабета Ѓоргиевска го одбележа јубилејниот 50-ти роденден со хуманитарна активност со Ретвитни оброк.
Првата дама покани свои пријателки за заедно да донираат и да подготват оброци. Солидарните јадења вчера беа подготвени и спакувани во дворот на резиденцијата на Претседателот, а денеска им беа поделени на наши сограѓани од социјално ранливи категории.
Успешната докторка многупати досега има волонтирано во рамките на иницијативата Ретвитни оброк, која од 2015 година обезбедува топли оброци за оние на коишто најмногу им се потребни.
Идејата е да се промовира солидарноста и да се покрене свесноста колку е важно да споделуваме со оние кои животот ги исправил пред тешки предизвици.