Прочистувањето на дебелото црево со вода било познато уште во Стариот Египет, кога фараоните го практикувале како метода за долготраен живот и благосостојба на телото. Во денешно време, хидротерапијата на дебелото црево е најсовршениот и најефикасен начин за чистење на дебелото црево од насобраниот остаток од храна, гасови, слуз и токсини.
Може да се употребува за клинички состојби, во профилактички цели и како подготовка за дијагностички тестови.
Чистењето на дебелото црево обично се користи како подготовка за медицински процедури како што е колоноскопијата. Сепак, некои лекари предлагаат чистење на дебелото црево за други цели, како што е детоксикација.
Овој метод помага да се одржи здравјето, младоста и убавината.
Најчесто се препорачува примена во следните состојби:
- Опстипација од различна етиологија,
- Дијареја,
- Појавата на автоинтоксикација со последици како главоболки, замор, депресија, намалена ефикасност, непријатен мирис од телото,
- Нарушена функција на имунолошкиот систем со чести респираторни заболувања или дерматитис со нејасна етиологија,
- Пред почеток на диететски режим,
- Мрзливо дебело црево,
- Паразитски инфекции,
- Подготовка за преглед на дебелото црево,
- Подготовка за хируршка интервенција,
- Хмороиди (благи до умерени),
- Простатитис и аденом на простата,
- Вагинитис, ерозија на грлото на матката,
- Детоксикација по интоксикација со алкохол и дрога или труење со хемикалии.
Постапката се состои од инсуфлација на млазови млака вода и прочистување на содржината од дебелото црево, без миризба и неред, во целосно затворен систем, во неколку наврати. Целата постапка трае околу 30 минути.
За да се информирате или закажете термин јавете се во контакт центарот на Клиника Жан Митрев на 02/3091-484