Со цел приближување на лабораториските услугите до потенцијалните клиенти, почнувајќи од 16 мај, официјално започнаа со работа лабораториите под брендот Жан Митрев Лабс.
Во овие нови и современи специјалистички лаборатории достапни се бројни услуги со широк спектар на анализи од областа на: биохемијата, молекуларната биологија, микробиологијата и трансфузиологијата. Во лабораториите се применуваат највисоките стандарди од аспект на професионалност и квалитет, по кои е препознатлив брендот Жан Митрев.
Лаборораториите се лоцирани во Скопје Север, поточно во објектот на Viva Fresh Store, веднаш спроти Point Retail Park и располагаат со обезбедени паркинг места.
Работното време е секој работен ден од 07:30 – 15:00 часот.
Повеќе информации се достапни на интернет страницата www.zml.mk.
Закажувањето може да се направи со повик на телефонот +389 2 2650 103 или на е-mail на info@zml.mk. Тимот искусни лаборанти е подготвен и веќе ги пречекува првите пациенти.
Комерцијален текст