Меган Маркл ги минува последните месеци од бременоста подалеку од очите на јавноста, но сепак, не успеа да ги заобиколи папараци камерите.
39-годишната Војвотка беше фотографирана со малиот син Арчи во Калифорнија, само еден ден откако принцот Хари се врати во САД по погребот на принцот Филип.
Облечена во лежерна комбинација со фармерки, јакна од брендот Cuyana и обувки со потпис на Valentino, среќната трудница го носеше во рацете Арчи, кој следниот месец ќе наполни 2 години.
Меган се очекува налето да го роди второто дете, за кое се знае дека е девојче. Радосната вест за проширување на семејството беше објавена околу половина година откако поранешната ѕвезда од „Suits“ сподели дека имала спонтан абортус. „Да изгубиш дете значи да носиш неподнослива тага. Тага која е искусена од многумина, а малкумина зборуваат за неа“ – напиша таа лани во трогателен есеј.
Хари и Меган минатата година одлучија да го напуштат кралското семејство и да живеат самостојно во САД.