Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на коронавирус во земјата. Со тоа, вкупниот број на заболени со КОВИД-19 достигна 354.
Според местото на живеење, новозаболените се од Скопје (7), Куманово (7), Тетово (5), Прилеп (2), Струга (2), Гевгелија (1) и Кочани (1).
За жал, уште една пациентка го изгуби животот. Станува збор за 65-годишна жена од околината на Струга со претходни заболувања на белите дробови, дијабетес, зголемен крвен притисок и хронична болест на срцето.
Од клиниката за инфективни болести денеска испишани се 5 пациенти, кај кои два контролни теста биле негативни.
На пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга посмртно ѝ е земен брис, а истиот е позитивен на КОВИД-19.
Вкупниот број на тестирања направени во нашата држава е 3.775.
Хоспитализирани се вкупно 59 лица од кои 12 се со потешка клиничка слика. Пет лица се поставени на механичка вентилација.
Досега, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 183
- Куманово – 54
- Дебар – 47
- Штип – 15
- Прилеп – 12
- Тетово -13
- Струга – 9
- Велес – 6
- Битола – 4
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 1
- Гевгелија – 2
- Струмица- 1
- Крива Паланка – 1
- Кочани – 1