Во февруари годинава, Македонија се сплоти за да му помогне најмногу што може на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.
Помошта и солидарноста на македонските граѓани не беше заборавена и турската влада одлучи ново училиште да го носи името на нашата држава, а 32-те училници во него да ги носат имињата на македонските градови.
Од Црвениот крст информираа дека средствата собрани во акцијата за помош ќе бидат наменети за изградба на училиштето во градот Малатија.
„Овој акт ќе остави траен белег и е доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција“ – напишаа тие.